НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сузана Тунева: Желба ми е во градов да има што повеќе волонтери од сите возрасни групи

0
By НОВА ТВ Balaban on September 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најчести повреди кај ученици се гребаници, убод од инсекти, скршеници, паѓање од столче или клупа, често пати има и несвестици. Но во секое училиште одговорните наставници си ги знаат децата со хронични заболувања или со попречености, па затоа и ретки се повредите. Додека, на глобално ниво сѐ зависи за кои региони станува збор. Повредите кај децата во урбаните средини се разликуваат од оние во руралните, каде има и убоди од инсекти , каснување од животно и слично, вели во интервјуто за НоваТВ Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот Крст на град Скопје

Во секое средно училиште оваа година ќе формираме екипа која ќе се обучува во текот на целата учебна година, ќе добијат ранец опремен со санитетски материјал, лична опрема и прирачник. На ниво на град Скопје сите 31 средно училиште ќе бидат опфатени со оваа активност. Во секое училиште  имааат и сандачиња по прва помош и обучени наставници. Оваа обука ја организираме ние преку нашиот Центар за обука по Прва помош, вели во интервјуто за НоваТВ Сузана Тунева Пауновска која веќе 17 години е секретар на Црвениот Крст на град Скопје. 
Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје со координирани активности во минатата недела го одбележаа Светскиот ден на Првата помош – 16 септември, под мотото „Биди херој во твоето училиште“.
Тунева, имаме ли и ние херои во нашите училишта?
– Да, секако дека имаме, во секое училиште имаме екипи по прва помош и  нивното учество на натпреварите по прва помош на општинско, градско и национално ниво ги прави вистински херои во нивното училиште. Всушност,   првата помош е првата алатка со која ние ги регрутираме младите лица во училиштата,
Кои се најчестите повреди на ученици во училиштата кај нас во Македонија и во светот ?

– Најчести повреди кај ученици се гребаници, убод од инсекти, скршеници, паѓање од столче или клупа, често пати има несвестици. Но во секое училиште одговорните наставници си ги знаат децата со хронични заболувања или со попречености, па затоа и ретки се повредите. Додека, на глобално ниво се зависи за кои региони станува збор. Повредите кај децата во урбаните средини се разликуваат од оние во руралните, каде има и убоди од инсекти , каснување од животно и слично.

Свесни ли се учениците кај нас колку се важни овие обуки, дека често спасуваат животи?

– Мислам дека се зависи од возраста, но има и такви ученици кои се многу посветени на оваа вештина. Првата помош е вештина која се учи и, секако,  најдобрите стануваат парамедицинари, како ги нарекуваме во нашата држава. За ова не треба да се биде медицинско лице.

Се случуваше ли, порано или и сега, да се повреди некој учeник, бегајќи и низ прозорец од училница?
– Да, секако , но, за среќа, сѐ завршило со полесни повреди, но барем во Скопје немам слушнато да имаме таков настан.

Колку волонтери брои Црвениот Крст на Скопје? Колку е важно волонтерството и за детето и за организацијата?

– На ниво на држава имаме 7.000 волонтери и 11.000 членови, а на ниво на град Скопје имаме 800 активни волонтери. Волонтерството е многу важно за креирање на социјална одговорност кај децата. Сите деца и млади луѓе кои се волонтери се многу посвесни за се она што се случува во заедницата и знаат да ги препознаат хуманите вредности.

 Сузана, и Вие сте еден од волонтерите на Црвениот Крст и тоа со завиден стаж… Колку тоа ви помогнало во животот и во вашата професија лекар?

–  Јас почнав со волонтирање кога имав само 10 години, и тоа токму преку  екипата по Прва помош во моето училиште. Најубавото време го имам поминато преку активностите во Црвениот крст и волонтирањето во сите програми. Сега веќе сум 17 години секретар на Црвениот Крст на град Скопје. И единствена желба ми е да бидеме град со многу волонтери од сите возрасни категории, бидејќи само на тој начин ќе можеме да одговориме на потребите на заедницата и ранливите целни групи.

Љубица Балабан

 

Екипи прва помош средно училиште Сузана Тунева Пауновска Црвениот Крст на град Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.