Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свечено отворени 58. Рацинови средби

0
By Ivana on June 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со Меѓународен поетски митинг во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, синоќа беа отворени 58-те Рацинови средби.

На поетскиот митинг настапија поети од земјава, како и гости поети од Србија, Бугарија, Црна Гора и Италија. Традиционалната Беседа за Рацин ја одржа проф. д-р Атанас Вангелов, а кој потоа прв со свои стихови  го отвори Меѓународниот поетски митинг.

Вангелов го постави прашањето што би рекол Рацин да е денес тука и појасни дека тоа ќе го одговори на еден индиректен начин, преку една негова песна Работник од 1930 и друга од 1936 година.

Тој потсети дека во 1939 година кога се појавува стихозбирката „Бели Мугри“ на Рацин тогаш неговиот далеку помлад брат по перо Блаже Конески ја пишува својата прва песна „Спомен“.

– Имам впечатлива слика во таа песна на Конески која се споредува со наврнат воз со  мака што рика во неговите гради затоа што бил роден во смачкано племе.Некаде пред крајот на својот живот Конески уште еднаш се врати на тој наврнат воз во својата песна „Спомен по многу години“. Во таа песна поетот на „Везилка“ и „Тешкото“ рече, уште рика маката во мене дека сум роден во смачкано племе.Јас сум убеден дека нешто слично би кажал и Рацин како само за оној Работник кој работи со рака и мисли со глава, така и за онаа смачкано племе кое Рацин го вика,На трудот црн народ.Уверен сум исто така дека во неговите стихови би имало многу повеќе горчина,многу повеќе гнев од оние од што ги среќаваме во неговите „Бели Мугри“.Беспомошниот Рацин како што вели Конески загина во јуни 1943 година и тој не доживеа да се остварат неговите идеали,како што доживеа Мирослав Крлежа во неговата длабока старост.Рацин беше понесен од македонската идеа  и социјалистичката револуција како што кажа Конески  на Рацинови средби во Велес, две-три недели пред да почине на 17 ноември 1993 година, потсети Вангелов.

Споредувајќи го Рацин со Мирослав Крлежа, тој нагаси дека Крлежа и Конески доживеа да се остварат неговите идеали, но не и Рацин.

– Од тие остварени идеали потекнуваат песните на Конески  „Молитва“, „Влажни пореци“, „Че Ге Вара“ и многу други песни во кои јас го слушам Рацин, кој како и поетот Коле Неделковски кој зборува низ уста на Конески во неговата поема „Ракувања“. Тој глас на Рацин одамна се слеа со гласот на Конески како што неговиот глас се слеа со гласот на оние што и денес копнеат по правда и достоен живот како неговиот Работник, што работи со рака  и мисли со глава, потенцира Вангелов.

„Рацинови средби“ Велес
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

ВЕСТИ October 22, 2025

Европскиот парламент усвои резолуција за Србија во која се истакнува поларизацијата и растечката репресија во…

Блумберг: Украина и Европа подготвуваат мировен план од 12 точки за крај на војната

October 21, 2025

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

October 21, 2025

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

October 20, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.