Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведочење на медицинска сестра: Како дојде до пукање на хирургот

0
By Менче Атанасова Точи on November 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Ги сретнав во ходникот, едниот ме фати за раката и ми рече ќе ве убијам сите, мојата мајка почина и јас ќе ве убијам вас. Го убедував дека и јас сум изгубила мајка, можеби во овој момент уште нечија мајка умира, можеби и треба помош. Му зборував да се соземе , но тој викаше сите ќе ве убијам, сите ќе ги убиеме тука. Отиде кон собата на доктор Огненовиќ и одеднаш слушнав пукање.

Вака ја започна својата приказна Биљана Анѓелковиќ, главна одделенска медицинска на Клиниката за дигестивна хирургија, која била сведок на пукањето во кое со три куршуми беше застрелан хирургот Љубомир Огненовиќ.

„Истрчав до собата на доктор Јота и почнав да викам го убија Огненовиќ. Во еден момент еден истрел ми помина покрај увото . Тогаш се стрчав до собата на доктор Огненовиќ да видам дали е жив. Кога влегов докторот беше свиткан, ми рече дека е свесен, кога пукал напаѓачот успеал да ја крене ногата за да не го погодат во стомакот. Тогаш притрчаа и другите лекари и го оденсоа во сала на операција“, изјави видно растреперена медицинската сестра Биљана Анѓелковиќ.

Таа раскажува дека всушност еден од напаѓачите, му го тргнал пиштолот на тој што пукал и дозволил да влезе во собата кај лекарот за да види дали е жив. Потоа започнале да кршат и да прават неред по Клиниката.

Оваа медицинска сестра кој е една година пред пензинирање, вели дека вакво нешто с е очекувало бидејќи како што рече, многу права им се дале на пациентите поради што се однесуваат арогантно.

„Секоја почит кон пациентите, ние сме тука за нив. Јас несебично им се давам во изминатите 41 година, но ваква ароганција кон белиот мантил досега немам видено. Многу им се даде за право на пациентите, права имаат и вработените. Порано имаа почит, сега се закануваат дека ќе го викнат министерот, ќе викнат медиуми. Сметаат во работата и може да се направи грешка“вели Анѓелковиќ.

И директорот на Клиниката, Александар Караѓозов вели дека бараат поголемо обезбедување за да не се случуваат инциденти, кои во последно време зачестија. Караѓозов на прес конференција изјави дека се револтирани бидејќи никој досега не ги контактирал, ниту обвинителството, ниту другите надлежни институции, но како што рече особено ги загрижува говорот на омраза на социјалните мрежи, некои портали, и пишани медиуми.

„Она што особено не загрижува е што надлежните институции не реагираат, тоа да го спречат, осудат и санкционираат. Разбирајќи го односот пациент-лекар кој е нарушен, за нас е неразбирлив повикот за линч на сите лекари. Згрозени сме од обидот за убиство на нашиот колега и од ширењето на лажни информации за кои тврдиме дека се невистинити“рече директорот Караѓозов.

Тој не објасни за каков обид за линч се работи и за кои медиуми станува збор, од каде доаѓа обидот за линч, но ги обвини сите новинарите кои информираат за случајот, за таквата настаната состојба. Веројатно мислеше на Фејсбук статус на водител на една емисија на телевизија блиска до власта кој напиша дека хирургот земал мито од 20 000 евра, кој потоа го преземаа некои портали. Директорот рече дека не го пријавил ваквиот обид за дискредитација, но затоа пак се расправаше и се караше со новинарите кои за цело време објективно информираат за случајот.

Караѓозов најави дека во наредните три дена нема да се вршат операции и прегледи, а ќе се примаат само итните случаи. Писмото му било пратено и на министерот, по што Тодоров дошол на Клиниката. Тој вели дека немаат притисоци од Министерството за здравство.

„Никој не не натерал да оперираме, ниту да не оперираме. Министерот изреагира и дојде и седнавме да разговараме како да се надминат проблемите,“рече Караѓозов.

На прес конференцијата која ја организираше Караѓозов не беа присутни најголем дел од хирурзите, револтирани од неговиот однос и како што рекоа, бидејќи вчера тој лично го прекршил договорот и оперирал.

Токму на односот вработени и директори , вчера од Синдикатот на клиниките ги предупредија директорите на клиниките да се однесуваат кон своите вработени со должна почит и да не ги надминуваат своите ингеренции и надлежностите на својата функција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.