Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведок во „Титаник“: По 50 луѓе од Пустец дневно доаѓаа за лични карти во Ресен

0
By Нова ТВ on November 14, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со сослушување на сведок вработен во полициска станица Ресен, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“.

Сведокот Агрон Кранлиевски, на прашање од обвинителката Лиле Стефанова, рече дека од 2012 година му биле дадени за проверки повеќе од 100 луѓе на три адреси.

– Во 2012 година добив од 40 до 45 барања за проверка на адреса на Љупчо Поп Ѓошев. Во првиот обид ниту еден не беше пронајден. Потоа кај Станојковиќ во стан добив проверка на 20 до 25 луѓе, а кај Сандре Темелковски, на улица „Коле Неделковски“ имаше околу 20 до 30 луѓе. Во прв обид не беше пронајден никој, рече сведокот.

Потоа од старешините, рече сведокот, им било речено да направат уште два до три обиди на истите адреси, но повторно неуспешно.

– Потоа, при увид во Избирачки список видов 78 лица, за кои запишав дека не се пронајдени на адресата на живеење, изјави сведокот.

Нагласи дека дневно во ПС на сликање доаѓале по околу 50 луѓе.

– Од командирот Милорад Георгиевски, добивме наредба тие луѓе да ги извадиме надвор на паркинг на полициската станица. Во разговор со нив, тие кажаа со пасошите во рака дека се пратени од градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко за да се фотографираат, рече сведокот.

На прашање од одбраната дали проверката ја вршел сам, сведокот одговори потврдно, посочувајќи дека тоа е вообичаена постапка.

Прашан од Илија Димовски, дали луѓето од Пустец кои доаѓале во ПС Ресен веќе имале македонски пасоши, пред да дојдат и да побараат лични карти, сведокот одговори со „да“.

На прашање на Едмонд Темелко, сведокот рече дека не познава по име и презиме никого од оние кои доаѓале пред ПС Ресен.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани.

Следното рочиште е закажано за 20 ноември, за кога треба да бидат сослушани четворица сведоци.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.