Грчката полиција уапси поп кој претходно нападнал група епископи во манастирот Петраки во Атина, фрлајќи им киселина.
Седум епископи кои се состанаа да разговараат за разрешувањето на свештеникот се здобија со изгореници на лицето и рацете и итно биле пренесени во болница, објави Ројтерс.
Со изгореници се здобил и чуварот на манастирот, кој успеал да го фати свештеникот пред портата и бил пренесен во болницата.
Инаку, попот во 2018 година бил фатен со неколку грама кокаин, по што се соочил со исклучување од црквата, пренесе агенцијата АТА.