Во светот денеска се обележува Меѓународниот ден на жената, како дел од борбата за економска, политичка и социјална рамноправност меѓу мажот и жената. Жените вработени во текстилната индустрија првпат протестираа на 8-ми март 1857 година во Њујорк, заради лошите услови за работа и малите плати.
Осмо мартовските протести во наредните години станаа традиција, а најмасовни беа во 1908 година, кога 15 000 жени маршираа по улиците на Њујорк, барајќи пократко работно време, подобри плати и право на глас.
Првата Меѓународна женска конференција се одржа во 1910 година во Копенхаген во организација на Социјалистичката интернационала кога беше зацртан Меѓународниот ден на жените, на предлог на Клара Цеткин која беше член на Германската социјалистичка партија.