Пред точно 20 години на денешен ден почина големиот спортист и хуманитарец, Формула 1 возачот Аиртон Сена.
Бразилецот го загуби животот за време на трката за Големата награда на Сан Марино.
Сена загина на 34-годишна возраст, откако ја загуби контролата врз својот болид при брзина од 300 километри на час и удри во ѕидот на свиокот Тумбурелот на патеката „Имола“.
Само еден ден порано, на истата патека, во текот на квалификациите животот го загуби Австриецот Роланд Расенбергер.
Бразилскиот формула 1 возач три пати беше светски шампион како возач на Мекларен. Учествувал на 161 трка во 11.те сезони од Ф1. Освен победите има уште 39 места на подиумот, а 65 пати тргнувал од пол-позицијата.

