Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светот тешко се справува со вирусот, државите со поразителни бројки

0
By Нова ТВ on November 18, 2020 СВЕТ
Фото: goodshepherdcommunities.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пред една година беше регистриран првиот случај на заболен од коронавирусот. Станува збор за 55-годишен маж од провинција Хубеи во Кина. Оттогаш, бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1 300 000 луѓе починаа од последиците предизвикани од вирусот Ковид-19. Денес во Кина има само по неколку случаи на заболени на дневно ниво, но затоа на пример во САД бројот на заболени е околу 150.000 луѓе во еден ден. Ништо помалку не страдаат и другите држави низ Европа и светот.

Во Швајцарија, во последните 24 часа се потврдени нови 4 560 случаи на коронавирус, објавено е на официјалната веб-страница за следење на епидемијата. Од последното пресек на податоци починале 142 лица, пренесе Ројтерс. Франција го надмина прагот од два милиона заразени со новиот коронавирус од почетокот на епидемијата.

„Вториот бран е силен, смртоносен, го преминуваме прагот од два милиона случаи на Ковид-19“- изјавија француските власти. Тоа е за 45.552 случаи повеќе во последните 24 часа. Таму се хоспитализирани дури 33.500 пациенти.

Во последните 24 часа во Бразил се регистрирани нови 13.371 случај на заразени со корона вирусот. Во истиот период во земјата се забележани и 216 смртни случаи. Од почеток на пандемијата, во Бразил се регистрирани вкупно 5,9 милиони случаи.

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен објави видео снимка од пренатрупана болници во Русија, истакнувајќи дека најверојатно бројот на смртни случаи во Русија е многи поголем отколку што покжуваат официјалните податоци.

Ништо подобри во статистиката не се ниту државите во регионот каде што секојдневно се бројат починати и нови заразени.

Ова е најлош ден од почетокот на епидемијата во Србија. Србија од вечерва оди под полициски час со цел спречување на ширење на зарзата. Почнувајќи од 21 часот, па се до 5 науто под клуч ќе бидат угостителските објекти, ноќните клубови, трговските центри и продавниците. Мерките ќе важат 15 дена, до 1 декември.

Во Словенија, рекордни 45 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени се 1 388 нови случаи, објавено е на владиниот профил на Твитер. Словенечката влада ги продолжи мерките против епидемијата за уште 30 дена во кои ќе може да се преземат активности за забавување на ширењето на вирусот.

Во Бугарија во последното деноноќие регистрирани се нови 3 519 случаи на Ковид-19. Дури 152 лица починале за истиот период, се наведува на владината веб-страница за следење на епидемијата.

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани нови 1 945 случаи на инфекција со коронавирус, а 31 лице починало, објави Националниот штаб за цивилна заштита. Бројот на активни случаи во Хрватска се искачи на 15 371, меѓу нив 1 827 пациенти се на кислородна поддршка.

Франција, Турција, Грција, нема држава која не страда од вирусот

Статистиката за Ковид-19 во последните 24 часа е загрижувачка низ целиот свет. Речиси не постои држава во која секојдневно не се зголемуваат бројките на починати и заразени. Светската здавствена организација соопшти дека над 55 милиони луѓе во светот се заболени од корона вирусот, а дека над милион и 300 илјади се починати.

Рапидното зголемување на заразените и починати лица се должи на силниот бран на вирусот, како и неможноста на државите целосно да го спречат неговото ширење, па затоа пристапуваат кон нови рестриктивни мерки, со цел да ја намалат неговата експанзија, се додека светот не започне имунизација со вакцина.

Франција го надмина прагот од два милиона заразени со новиот коронавирус од почетокот на епидемијата. „Вториот бран е силен, смртоносен, го преминуваме прагот од два милиона случаи на Ковид-19“- изјавија француските власти. Тоа е за 45.552 случаи повеќе во последните 24 часа. Таму се хоспитализирани дури 33.500 пациенти.

Националната организација за јавно здравје на Грција, денеска соопшти 63 смртни случаи од Ковид-19 и 2 422 новозаразени. Во споредба со вчера, за 43 е зголемен бројот на пациенти приклучени на апарати и денеска изнесува 443.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган соопшти дека Турција, поради зголемениот број случај на зараза со коронавирусот, ќе воведе полициски час кој ќе се однесува на викендите и ќе трае од 20 часот навечер до 10 часот наутро, јавуваат турските медиуми. Поради мерките, одделни дејности како фризерските салони, трговските центри, рестораните и продавниците ќе мора да го прилагодат работното време. Покрај полицискиот час, Турција реши да ги затвори училиштата, па сè до крајот на полугодието наставата ќе се одвива онлајн.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.