Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светската АПК реагира на новиот Закон за медиуми

0
By Нова ТВ on June 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската Асоцијација за прогресивни комуникации ги подржува Метаморфозис и другите организации во нивните напори да се сочуваат интернетот и човековите права во Македонија. Организацијата ги повикува другите кои веруваат во вредноста на слободниот говор и слободни медиуми да ја подржат борбата против Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во интегралниот текст на Организацијата стои:

„Македонија е една од земјите каде што граѓаните се борат за демократија и против мерките за контрола на медиумите и ограничената слободата на изразување и пристапот до информации онлајн и офлајн. Последната од овие мерки е новиот предложен Закон за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги кој бара сите медиуми, и печатените и онлајн, да се филтрираат преку централизирана владина агенција, овозможувајќи и на владата ефективно да филтрираат и цензурираат содржини.

На 8 април 2013, Македонскиот министер за информатичко општество и администрација го презентираше нацртот на законот и објави 60-дневен јавен период за консултации, кој формално завршува на 8 јуни. Ниедна консултација со цивилното општество не се случи до сега за овој прв нацрт.

Македонската медиумска сцена е веќе сериозно контролирана од владата.

„Контролата најчесто се врши преку власништвото на медиумите – сопствениците на повеќето медиуми се луѓе кои се во тесни врски со владата“, вели Бардил Јашари од фондацијата Метаморфозис.

Членот 1 од предложениот закон за медиуми гласи: „овој закон ќе ги регулира правата, обврските и одговорноста на издавачите, даватели на аудиовизуелни услуги и даватели на програмски пакети“. Со други зборови, законот ќе одлучува за улогата и одговорноста на новинарите, уредниците и блогерите и другите членови на медиумите.

Исто така бара „луѓето кои сакаат да ја информираат јавноста“ преку печатените и електронските публикации да бидат регистрирани под владината агенција со произволна моќ да ги толкуваат законите. На пример, поради нејасната дефиниција на медиумите издавачи, поединци и невладини организации, ризикуваат да не бидат во можност да регистрираат портали за вести. Доколку ги креираат овие портали без согласност на владата, би биле казнети.

Предложениот закон за медиуми ќе ја намали слободата на информирање и говор онлајн.

Јашари предупредува „единствениот слободен простор за јавен критички дискурс, јавно изразување, е интернетот. Владата се заканува врз последното поле на слобода на говор“.

Коалиција на невладини организации наречена Фронт за слобода на изразување организираа неколку протести и конференции кои му се спротиставуваат на овој закон“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.