Босна и Херцеговина доби кредит од Светска банка во износ од 100 милиони долари наменет за обнова на државата од катастрофални поплави. Светка банка го потврди кредитот за проектот за итна обнова на земјата од поплавите.
„Цел на проектот е покривање на итни потреби и обнова на функционалност на инфраструктурата, како и економско заздравување во погодените подрачја“ – се вели во соопштението од Светска банка.