Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

0
By Zoran Ivanov on June 20, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, June 20, 2026 14:13

Денеска, 20 јуни 2026 година, светот го одбележува Светскиот ден на бегалците под мотото „Сè додека сите не се безбедни“ (Until Everyone Is Safe). Оваа година носи особена историска тежина бидејќи се одбележуваат 75 години од усвојувањето на Женевската конвенција за статусот на бегалците од 1951 година – темелниот меѓународен договор кој гарантира дека луѓето кои бегаат од прогон, војна и насилство нема да бидат вратени во опасност.

Според најновите податоци на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), на крајот на 2025 година, бројот на присилно раселени лица во светот достигна застрашувачки 117,8 милиони – приближно еден на секои седумдесет луѓе на планетата. За 2026 година, проекциите се дека овој број ќе достигне 136 милиони.

Континуираната руска агресија против Украина и константните напади врз градовите како Кијив, конфликтите во Судан и Сирија, како и други жаришта, продолжуваат да генерираат масовни бранови на раселување. Оваа реалност потсетува дека заштитата на бегалците е и глобална безбедносна обврска.

Светскиот ден на бегалците е потсетник за нашата заедничка човечност. Ќе останат запаметени зборовите на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на овој ден во 2017 година.

„Заштитата на бегалците не е само чин на сочувство; таа е услов за стабилност и мир. Сè додека луѓето се принудени да бегаат, нашата колективна одговорност останува“, изјави Гутереш во 2017 година. Години подоцна, состојбата постојано се влошува.

Во време кога ултрадесничарската пропаганда создава лажна слика за миграциските движења, засновањето на известувањето исклучиво на факти и меѓународно право е единствениот начин да се одржи интегритетот на јавниот дискурс.

ЦИВИЛ категорично нагласува дека човековите права не се привилегија што се губи на државните граници, туку универзална гаранција за секој поединец.

Поаѓајќи од тој став, оваа година ЦИВИЛ го промовира слоганот:

Човековите права не запираат на границите. За достоинството не е потребен пасош.

ЦИВИЛ бара од институциите да стават крај на системската ксенофобија, нелегалните протерувања и политичката злоупотреба на човечките трагедии.

Солидарноста не смее да биде само декларативна флоскула за меѓународни конференции, туку реална заштита на терен.

Да се застане во одбрана на оние кои бегаат од војна и прогон е основен тест за нашата хуманост и демократија – тест на кој ниту македонското, ниту глобалното општество повеќе не смее да паѓа.

Извор: ЦИВИЛ – Центар за слобода

 

бегалци ден светски Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.