Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светски ден на бегалците: Бројот на мигранти секоја година е поголем

0
By Нова ТВ on June 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Воено-политичките конфликти и прогоните во родните земји се главните причини поради кои луѓето во изминатите неколку години се решаваат да ги напуштат своите домови и да избегаат во други земји.

Податоците на меѓународните организации покажуваат дека изминативе пет години бројот на бегалци во светот постојано расте и од година в година бележи нов рекорд. Според извештајот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), во 2017 биле регистрирани вкупно 68,5 милиони бегалци, што е за три милиони повеќе отколку во 2016 година.

Меѓународните организации денеска го одбележуваат Светскиот ден на бегалците, на кој УНХЦР потсетува дека речиси 70 отсто од лицата кои бегаат преку граница потекнуваат од само пет земји: Сирија, Авганистан, Јужен Судан, Мијанмар и Сомалија. Повеќе од половина од овие мигранти се малолетни, а во голем дел од случаите станува збор за деца кои при бегањето се раздвоени од своите семејства и на неизвесното патување се оставени без родителска заштита.

Податоците покажуваат дека многу голем дел од бегалците се прифатени и згрижени од држави кои имаат ниски или средни приходи по глава на жител, а не од побогати земји каде населението има високи приходи. Досега најмногу бегалци згрижиле Турција, по што следат Пакистан, Уганда, Либан, Иран и Германија. Според меѓународните организации, загрижувачките растечки бројки за бројот на бегалци и внатрешно раселени лица во светот се аларм за богатите држави да покажат поголема хуманитарна одговорност кон овие лица.

Во изминатите 3 години, бегалската криза предизвика бурни промени во целиот свет, вклучително и во балканските земји, тестирајќи ги актуелните влади и политичари во почитувањето на законските рамки и основните човекови права. Иако голем број бегалци беа прифатени во Европа, значително голем е и бројот на оние кои ги изгубија своите животи на европско тло. На патот кон Европа, тие често наидуваа на омраза, ксенофобија и одбивање од страна на државите и граѓаните, а во поретки ситуации на отворени раце и добредојде.

Една од земјите која во изминатите 3 години се најде засегната како дел од таканаречената „Балканска рута“ е и Македонија.

Со цел да го одбележи Светскиот ден на бегалците, Хелсиншкиот комитет за човекови на Република Македонија денеска организира тркалезна маса со наслов „Новиот закон за азил – подобра или полоша законска рамка за бегалците?“, на која се дискутира за новиот Закон за меѓународна и привремена заштита.

На тркалезната маса учествуваат експерти за човекови права и правни експерти, кои укажуваат на практичните импликации на новиот закон за азил, како и предизвиците што ги отвора ова законско решение.

Настанот се организира во рамките на проектот Help on the Route, чија цел е да го крене интересот на јавноста за позицијата и да ја подобри заштитата на човековите права на мигрантите, вклучително и барателите на азил, кои минуваат низ Македонија и Србија. Проектот го имплементира „Фондацијата Ана и Владе Дивац“.

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија е партнер во овој проект заедно со Новосадски хуманитарен Центар и Здружение на самарјанските работници. Дел од акцијата се и пет македонски и 15 српски организации кои работат на полето на миграцијата и барателите на азил.

Светски ден на бегалците Хелсиншки комитет за човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.