По повод Светскиот ден на социјална правда ЦИВИЛ објави соопштение дека како организација овој ден го одбележува 25 години и оваа година темата е „Зајакнување на инклузијата: премостување на празнините на социјалната правда“, фокусирајќи се на важноста на инклузивните политики и социјалната заштита во управувањето со систематската нееднаквост.
Северна Македонија е сиромашна држава во која социјалната правда, наспроти популистичките декларации на политичките елити, се наоѓа на последното место. Политичарите и власта дебатираат за промена на државниот грб и химна, дури и не кријат дека тоа им е приоритет, додека луѓето гладуваат. А промената на државниот грб ќе значи и дополнителен трошок, затоа што ќе треба да се менуваат и личните исправи, велат од ЦИВИЛ.