Премиерниот слалом во новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање му припадна на Марсел Хиршер.
Австриецот победи во трката во Леви, Финска, за што водеше голема борба со неговиот норвешки колега, Хенрик Кристоферсен, кој по првото возење заостана седум стотинки на кои додаде уште две по второто спуштање низ патеката.
Третото место го освои Андре Мирер од Шведска со 1.41 секунди послабо време од Хиршер.
Резултати од машката трка во слалом во Леви, Финска
Марсел Хиршер (Австрија) 1:51,04 минути
Хенрик Кристоферсен (Норвешка) 1:51,13 минути
Андре Мирер (Шведска) 1:52,45 минути
Рамон Ценхојзерн (Швајцарија) 1:52,49 минути
Жан Баптист Гранж (Франција) 1:52,60 минути, итн.