Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светските лидери се збогуваат со Горбачов

0
By Sashko on August 31, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Последниот советски лидер и добитник на Нобелова награда за мир, почина вчера во Москва на 92-годишна возраст, по долгогодишно боледување, јавија руски медиуми.

Други светски лидери, исто така, му одадоа чест на Горбачов.

Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш изрази „длабока тага“ и го нарече Горбачов „уникатен државник, кој го промени текот на историјата“.

„Направи повеќе од кој било друг, за да поттикне Студената војна да заврши на мирен начин“, пишува во соопштението на Гутереш.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го опиша Горбачов како „водач кој беше достоен за доверба и почит“.

„Последниот советски лидер „одигра клучна улога во завршувањето на Студената војна и падот на железната завеса. Го отвори патот кон слободна Европа. Тоа е наследство што нема да го заборавиме“, напиша таа на Твитер.

Францускиот претседател Емануел Макрон му се заблагодари на Горбачов за „ангажманот за мир во Европа“.

Според Макрон, „тој е човек на мирот, чии избори го отворија патот кон слободата за Русите“.

„Неговиот ангажман за мир во Европа ја промени нашата заедничка историја“, додаде Макрон.

Британскиот премиер на заминување, Борис Џонсон ги поздрави неговите „храброст и интегритет“.

„Многу ме натажи веста за смртта на Горбачов. Секогаш се восхитував на неговите храброст и интегритет што ги покажа при завршувањето на Студената војна“, објави тој на Твитер.

Џонсон додаде дека во моменталната агресија на Путин во Украина, „неговата неуморна посветеност на отворањето на советското општество останува пример за сите нас“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
ФОКУС

Макрон го назначи Себастијен Лекорњу за новиот премиер на Франција

ВЕСТИ September 9, 2025

Елисејската палата вечерва соопшти дека францускиот министер за одбрана Себастијен Лекорњу е именуван за нов…

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

September 5, 2025

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Пожар на два електрични столба, десетици илјади домаќинства во Берлин останаа без струја

September 9, 2025

Полицијата го евакуира центарот на Братислава поради бомба од Втората светска војна

September 9, 2025

Атина 48 часа без такси превоз поради штрајк на синдикатот на такси превозници

September 9, 2025

Август 2025 е третиот најтопол месец во светот досега

September 9, 2025

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.