Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО директор: Во пандемијата мала група држави „ја контролираат судбината на остатокот од светот“

0
By НОВА ТВ on May 26, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вакцинациската нееднаквост продолжува низ светот и е повторно адресирана од страна на Обединетите Нации (ОН). Д-р Тедрос Аданом, генералниот директор на Светската Здравствена Организација (СЗО), која е дел од ОН, постави нови цели за како да се вакцинираат најсиромашните земји во светот.

„Тековната криза со вакцини претставува скандалозна нееднаквост што ја одржува пандемијата. Повеќе од 75% од сите вакцини се администрирани во само 10 земји. Нема дипломатски начин тоа да се каже: Мала група на земји кои прават и купуваат мнозинство од светските вакцини ја контролираат судбината на остатокот од светот,“ рече д-р Тедрос Аданом вчера во Женева.

Пред само две недели д-р Аданом посочи многу слични критики кон богатите држави кои, според него, се криви за „шокантниот глобален диспаритет“ во светската дистрибуција на вакцини.

Овој диспаритет станува многу јасен кога се споредуваат бројот на нови инфекции, стапката на смртност на Ковид-19 заболени, како и планираните политики за оваа есен, во посиромашните наспроти богатите држави. На пример, во Лос Ангенлес, Калифорнија планирано е комплетно да се отворат школите во есенскиот семестар заради високата стапка на вакцинација во САД. Сепак ќе постои и опција за некои деца да ги слушаат школските предмети од дома, но генерално планот на овој огромен американски град – кој исто така беше Ковид-19 „хот-спот“ во 2020 – е децата да почнат да одат на школо.

Оваа вест доаѓа брзо по веста од метрополата Њу Јорк, каде надлежните изјавија дека воопшто не планираат да понудат онлајн опција за децата од септември. Њу Јорк исто така беше еден од големите епицентри на пандемијата, а сега веќе повеќе од 60% од жителите на овој 18 милионски град имаат примено барем една доза од некоја од вакцините и почнато е олабавување на Ковид-19 мерки.

За разлика од САД, ако ги погледнеме статистиките во други држави на интерактивната мапа на The New York Times можеме многу јасно да го забележиме загрижувачкиот тренд за кој зборува д-р Тедрос Аданом. На пример, во Индија се администрирани 194,165,711 дози од Ковид-19 вакцини, што можеби изгледа како голема бројка но кога тоа ќе се спореди со популацијата на Индија (1.366 милијарди жители), јасно е дека само 12 вакцини се дадени на секои 100 луѓе. Во САД се дадени 86 вакцини на секои 100 луѓе, а во Велика Британија 91 на секои 100 луѓе. Во Нигерија е дадена само една вакцина на секои 100 луѓе, а некои афрички држави имаат добиено дури и помалку од тоа, како Судан и Алгерија.

Во С.Македонија се аплицирани 12 вакцини на секои 100 луѓе.

Држава која се истакнува како добар пример за тоа што го зборува д-р Тедрос Аданом е Израел, каде според интерактивната мапа обезбедени 117 дози за секои 100 луѓе. Односно Израел складира вакцини и не ги дели вишокот вакцини кои веќе ги има. Ова станува дополнително јасно кога ќе се погледне вакцинациската состојба на окупираните палестински територии кои The New York Times ги бележи само како „Палестина“, каде палестинците имаат добиено само 10 вакцини на секои 100 луѓе.

Ситуацијата во палестинските територии дополнително се комплицираше по 11 дневното бомбардирање на Појасот Газа од страна на израелските воени сили во последните недели каде беа убиени најмалку 243 палестинци. За време на овие напади исто така беа уништени многу згради во Појасот Газа, меѓу кои и медиумски канцеларии, но и клучни делови од инфраструктурата на оваа окупирана територија. Преку воздушните удари на Израел беше убиен важен палестински лекар, кој ги надгледуваше случаите со Ковид-19 во најголемата болница во Газа. Друг израелски воздушен напад, пак, ја оштети единствената лабораторија за тестирање за Корона вирусот во Газа.

Вакцинациската нееднаквост не се манифестира на исти начини низ цел свет, но секаде носи смртоносни последици. Решенијата за овој светски проблем се комбинација на редистрибуција на Ковид-19 вакцини, но и поголемо производство на вакцини низ светот. ОН апелира да се дуплира производството на Ковид вакцини за да се превенираат Ковид инфекции и смртни случаи, сметајќи дека масовната вакцинација е во интерес на сите.

За второто решение да стане реалност би морало да се ослободат патентите на веќе откриените Ковид-19 вакцини од страна на компаниите кои моментално се заштитени преку Светската Трговска Организација (СТО). Ова привремено ослободување на патентите би се случило преку одобрување на таканаречениот „TRIPS waiver“. Но, на почетокот на мај Германија ги блокираше преговорите во СТО ова решение и сѐ уште ја нема променето својата позиција на ова екстремно важно прашање.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.