Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Палестинците сѐ уште на удар во источен Ерусалим и Газа

0
By НОВА ТВ on May 25, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 25, 2021 15:47

Пред четири дена стапи примирјето помеѓу израелските воени и полициски сили и палестинската милитантна група Хамас. Ескалацијата на насилството во Израел и Палестина почна кога израелските сили пробаа повторно околу 10ти мај присилно да иселат палестински жители од населбата Шеик Џарах во источен Ерусалим и да населат еврејски жители во нивните домови. Кога палестинските жители пробаа да се борат за да ги задржат своите домови во Шеик Џарах, полицијата почна да ги напаѓа, повредувајќи стотици Палестинци. Набргу Шеик Џарах стана симбол за палестинската борба и по ескалацијата на насилството во оваа населба, милитантни палестински групи истрелаа ракети близу до Ерусалим, но никого не убија. По ова, израелските сили убија 24 Палестинци со воздушни напади кон Газа на 11ти мај и од тука ескалираше целото насилство кое траеше 11 дена.

За време на овие воздушни напади од страна на израелските сили уништија многу згради, вклучително и медиумски канцеларии, и беа убиени најмалку 243 Палестинци од кои над 100 се жени и деца. Во Израел беа убиени 12 луѓе од кои две беа деца.

Исто така тензиите остануваат високи и во Ерусалим, каде десетици еврејски доселеници поддржани од израелските безбедносни сили упаднаа во комплексот на џамијата Ал-Акса, третото најсвето место во Исламот. Во петокот, израелските безбедносни сили пукаа зашеметувачки пиштоли и гумени куршуми кон Палестинците пред џамијата Ал-Акса.

Овој викенд повторно имаше протести во солидарност со палестинската кауза низ светот. Најголемиот протест се случи во Лондон каде 180 000 демонстранти беа собрани во саботата во солидарност со Палестина. Големи демонстрации имаше викендов и низ САД и Франција.

Палестинскиот поет и писател Мохамед Ел-Курд кој живее во Шеик Џарах кажа за Democracy Now! дека овие протести се многу значајни бидејќи сега се гледа промена во јавното мислење за состојбата на Палестинците. Ел-Курд исто така коментираше за што значи примирјето кое беше постигнато пред неколку дена.

„Мислам дека примирјето значи многу работи. Прво, тоа значи дека отпорот, палестинскиот отпор, без разлика дали е тоа е на „grassroots“ или на друг начин, можеше да ги исполни своите сопствени услови. [Овој отпор] беше во можност да издржи брутална нуклеарна велесила која бесмислено бомбардира каде што 2 милиони луѓе [во Газа] се опсадени,“ рече Ел-Курд. „Но, во четвртиот ден, гледаме дека израелските власти не ги почитуваа условите за примирјето. Џамијата Ал-Акса беше нападната повеќе пати. Имаше и масовна кампања за апсење, а Шеик Џарах е сè уште под нелегална блокада. А, колонијалното насилство сè уште продолжува низ окупираната Палестина.“

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вети денеска за време на турнејата на Блискиот исток дека Вашингтон ќе собере поддршка за реконструкција на Газа, но под услов Хамас да не добие ништо од таа хуманитарна помош. Американскиот претседател Бајден исто така нагласи дека САД ќе помогне со хуманитарна помош кон Газа, но и истовремено САД ќе даде воена помош од 735 милиони долари на Израел.

„Mислам дека е смешно што САД, од сите земји, би зборувале за разоружување на, како тие што го нарекуваат, тероризмот, кога тие испуштија повеќе терор врз светот од која било друга нација. И мислам дека ако зборуваме за разоружување на тероризмот, мислам дека Израел би било одлично место за почеток,“ рече Ел-Курд во интервјуто за Democracy Now! нагласувајќи дека насилството врз Палестинците во Газа и Шеик Џарах е далеку од завршено.

 

Елена Гаговска

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.