Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Една жена умира на секои две минути за време на бременост или породување

0
By Marija Todorovska on April 7, 2025 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН.

Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво.

Смртта на мајките помеѓу 2000 и 2023 година се намалила за 40 проценти на глобално ниво, главно поради подобриот пристап до основните здравствени услуги, додаде СЗО.

Сепак, организацијата предупреди дека темпото на подобрување е значително забавено од 2016 година.

Намалувањето на хуманитарните средства има сериозно влијание врз здравствената заштита во многу делови од светот, принудувајќи ги земјите да ги повлечат виталните услуги за здравјето на мајките, новороденчињата и децата, се вели во извештајот.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека покрај обезбедувањето пристап до квалитетна породилна нега, важно е и зајакнувањето на здравјето и репродуктивните права на жените и девојчињата.

Иако овој извештај покажува трошки на надеж, податоците исто така нагласуваат колку бременоста денес сè уште е опасна во поголемиот дел од светот и покрај фактот што постојат решенија за спречување и лекување на компликациите кои предизвикуваат огромно мнозинство на смртни случаи кај мајки, додаде тој.

Една од целите на ОН за одржлив развој е да се намали смртноста на мајките од 328 смртни случаи на 100.000 живородени во 2000 година на помалку од 70 до 2030 година, пренесува ДПА.

Постигнувањето на ова претставува „предизвик без преседан“, се вели во извештајот.

Потребна е брза акција за да се заштити здравјето на мајките и да се стави крај на трагедијата на смртноста на мајките. Жените имаат право не само да ја преживеат бременоста, туку и да напредуваат во добро здравје, стои во извештајот.

Бременост СЗО хуманитарни средства
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.