Милион дози на вакцина против ебола ќе бидат произведени до крајот на 2015 година, објави денеска Светската здравствена организација.
СЗО најави дека во првата половина на годината ќе се произведат стотици илјади вакцини, а дел од вакцините ќе им бидат достапни на медицинските екипи кои се борат со еболата на терен, уште во декември оваа година.
Сепак, оваа вакцина не е докажана заштита против еболата бидејќи вообичаено научниците со години работат на пронаоѓање и развивање на вакцините, порачуваат од СЗО.
Два вида на вакцини на компанијата Glaxo Smith Kline и на Агенцијата за јавно здравство веќе се наоѓаат во фаза на тестирање. Првите резултати ќе бидат објавени на крајот на годината.
Лекарите кои се наоѓаат во западна Африка, во првите борбени редови против еболата ќе бидат првите на кои ќе им бидат дадени овие вакцини.