ДПА нема да го бојкотира Парламентот, овој став го најави лидерот на партијата Мендух Тачи, пред почетокот на вонредната седница на Централното претседателство на која тема се вчерашните инциденти, јавува Алфа ТВ.
Што се однесува до инцидентите, Тачи ја обвини владејачката ДУИ дека игра валкани игри со македонските партии и упати апел до Албанците:
„Сите Албанци треба да бидат внатре во политичкиот процес и заедно да работиме ова разочарување да се претопи преку гласање на 24 март.
– Овие настани никому не му одговараат. Тоа не е игра и тие што си играат со тоа не се зрели за тоа колку е комплициран политичкиот живот во Македонија“, рече Тачи.