Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави во Брисел дека избори ќе бидат повторно организирани во три избирачки места во Косовска Митровица и оти би било добро тоа да биде пред 1 декември.
Тачи истакна дека одлуката за повторување на локалните избори ја донела Изборната комисија на Косово и таа е поддржана од владата.
– Со овие избори Косово го помина тестот на Европската унија – нагласи Тачи.
Тој потсети дека Бриселскиот договор предвидува одржување на избори на 3 ноември и дека вториот круг од изборите во останатиот дел од Косово ќе биде на 1 декември.