По денешната средба на Мендух Тачи со премиерот Никола Груевски, лидерот на ДПА изјави дека двајцата имаат сосема спротивни ставови.
„Да ви кажам јас и премиерот не се сложуваме за многу работи, имаме дијаментрално спротивни ставови за многу работи, но заедно се сложивме дека интеграциските процеси треба да бидат приоритет за сите политички партии.
– Разговаравме за локалните избори. Владата е главно одговорна зашто ги има сите инструменти за да бидат тие избори коректни, фер и демократски. Го потсетив премиерот дека високи челници на ДУИ поминаа веќе четири години, а не се казнети и не се прогласени виновни.
– Кои се тие судии што ги прогласија за невини, зашто записниците од полицијата кажуваат нешто друго. Се договоривме изборните штабови технички да комуницираат за да не дојде до судир за време на кампањата“,рече Тачи.
Тачи на прашање дали разговарале за локалните избори одговори негативно.
Во однос на ставот на Тачи од пред некој ден кога кажа дека очекува предвремени парламентарни изборви во јуни или јули, тој одговори:
„Тоа е моја проценка, бидејќи ДПА ќе ја победи ДУИ на локалните избори со најмалку еден глас повеќе и тогаш барањата на ДПА ќе бидат за предвремени избори“.
Претседателот на ДПА изјави дека со Груевски не разговарале за актуелната политичка ситуација во земјава.
(видеото е превземено од a1on.mk)