Мендух Тачи ги најави предвремените парламентарни избори во Македонија јуни или јули оваа година во с. Лабуништа, не прецизирајќи од каде му се информациите за одржување на изборите. Како што јавува А1 он, неговите проценки се дека ќе однесе победа над ДУИ, барајќи од гласачите да не го слушаат ДУИ, за разлика од ДПА, која се бори за секој Албанец во Македонија.