Борис Тадиќ денеска најави дека на предвремените парламентарни избори во Србија, закажни за 16 март, ќе учествува со нова политичка партија.
Поранешниот претседател на Србија, кој во четвркот соопшти дека ја напушта Демократската партија (ДС) каде што беше почесен претседател, при денешното гостување во емисијата „Став на Србија“ на телевизијата Прва, најави дека на изборите ќе учествува со луѓе од ДС кои „во претходните осум години ја поддржувале неговата политика и со граѓаните кои гласале за таа политка“.
Тадиќ не соопшти повеќе детали за листата со која ќе настапи на изборите, нагласувајќи дека во тек се коалициски преговори.
Белградскиот весник „Курир“ во денешниот број меѓутоа објави дека на изборите Тадиќ ќе настап со изборна листа под името „Демократски сојуз за модерна Србија“, на која покрај поранешни членови на ДС, ќе се најдат и кандидати на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ) на Ненад Чанак и на партијата Заедно за Србија (ЗЗС) на Душан Петровиќ.
Според „Курир“, можно е во коалицијата предводена од Тадиќ да се вклучат и Партијата за демократска акција (СДА) на Сулејман Угљанин, Обединетите региони на Србија (УРС) на Млаѓан Динкиќ, како и уште неколку помали партии и партии на националните малцинства.
– Решив да истапам од членство во ДС и да дадам оставка на местото почесен претседател затоа што во политичкиот блок околу ДС се враќаат луѓе кои и го донесоа епитетот на аферашка и корумпирана партија, изјави Тадиќ.