СГС „си гази“ – добива тендери за патарини, музеи, училишта, болници

Последниот договор е склучен со новиот Археолошки музеј во Скопје. За обезбедување на музејот во период од една година, СГС ќе искешира 140.000 евра. Ова е седми тендер за обезбедување на државна установа што го доби СГС од почетокот на годината, а сите тие се во вредност од 911.000 евра.