Browsing: Бојан Јовановски

Сакале да признаат или не, или колку и да нудат контрааргументи против обвинителниот акт, сепак, денешната затворска пресуда за Милески ги става Јовановски и Јанева во незавидна ситуација

Судењето против првообвинетиот Бојан Јовановски, кој се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, и за второобвинетата Катица Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“ продолжува во петок

Со задоцнување од 45 минути, првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски се појави во судницата на Кривичниот суд каде за денеска беше закажано првото рочиште за аферата што ја потресе македонската јавност

За денеска во Кривичниот суд во Скопје е закажано првото рочиште за предметот што беше отворен во јули оваа година. Првоосомничени во случајот се Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари, како третоосомничена е обвинителката Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување. Pроширената истрага што следуваше, а која се однесуваше за перење пари, измама и помагање во измама, опфатија уште четири лица – Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, Миле Јовановски и Христина Блажевска. Истрагата ја води обвинителката Вилма Русковска, а согласно АКМИС електронскиот систем, предметот е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Николовска – Масевска