Законодавно-правна комисија: Нема потреба од автентично толкување на член што не постои

Во образложението, пратеникот Костов нагласи дека основната причина била нивната убеденост дека во правниот поредок на нашата држава повеќе не постои членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година, со кој претседателот на државата во одредени околности може да даде помилување и надвор од редовната постапка

Илиев: Ако Кривичен суд не ја поништи аболицијата, хаосот ќе продолжи

Собранието е на добар пат да донесе автентично толкување на спорниот член 11 од Законот за помилување. Тоа може да претставува одредена насока, која Уставниот суд во никој случај не е обврзан да ја следи

Пратениците на потег: Се чека одговор за автентичното толкување на член 11-а

Во Законодавно-правната комисија мнозинство немаат ниту владејачките партии, ниту опозицијата, но тоа не значи дека автентичното толкување на СДСМ нема да добие поддршка. Освен од СДСМ, пратениците од најголемите партии ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се уште директно не кажале во јавноста како ќе гласаат. „Интергративците“ официјално не се изјаснуваат со свој став, но дел од медиумите повикувајќи се на партиски извори објавија дека тие пред да изградат свое мислење ќе консултираат правни експерти. Помалите парламентарни партии како ЛДП, Алијанса за Албанците и Движењето Беса посочуваат дека не поддржуваат амнестија.