Пендаровски: Манифестот и Декларацијата од АСНОМ сè уште се мотив за слобода и правда

Нашата битка е да обезбедиме достоинствен живот за секој наш граѓанин во својата татковина, а не надвор од неа. За тоа да го постигнеме мора да има правда и слобода за секого, само тогаш ќе можеме да кажеме дека сме достојни наследници на делото на нашите предци. Нека ни е вечен Илинден, да ни е вечна Републиката“, порача претседателот од Меморијалниот центар „АСНОМ“ во Пелинце

Честит празник: Македонија го одбележува 2 август со протоколи и без масовни собири

Претседателот на државата, Стево Пендаровски ќе се обрати од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, премиерот Оливер Спасовски ќе ја предводи владината делегација на скопско Кале, а потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски ќе одржи говор на Мечкин Камен во Крушево на Денот на Република на кој оваа година се одбележуваат 117 години од Илинденското востание и 76 години од првото Заседание на АСНОМ