СЗО: Не е точно дека С. Македонија има најголема стапка на смртност од Ковид-19 во регионот

Државата е меѓу најтранспарентните во споделување на националните бројки и статистики, а прави и пост-мортем тестови на луѓето кај кои треба да се утврди причината за смртта, кога тоа не е јасно, истакна шефицата на Канцеларијата на СЗО во земјава, Џихан Тавила