Работа од дома во услови на ковид-19 – актуелна потреба или идно трајно решение

Компанијата „Твитер“ им кажа на своите вработени дека доколку сакаат може доживотно да работат од дома. Оние кои сакаат, ќе може да се вратат во канцеларија откако ќе бидат укинати рестриктивните мерки. Сличен став зазедоа и „Фејсбук“ и „Гугл“ чии работници до крајот на годината ќе работат од дома. Кај нас засега не се размислува за вакво нешто, иако поголем дел од компаниите беа принудени поради новонастаната состојба со ковид-19 да го применуваат овој начин на работа