Browsing: ЕУ

Неформалната лидерка на опозициското движење во Белорусија во говорот пред комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент претпладнево истакна дека овие протести не се „ниту про, ниту анти Русија, ниту про, ниту анти ЕУ“

Комплексноста на ситуацијата во Западен Балкан го илустрира однесувањето и односот на Европската Унија (ЕУ) кон регионот. Официјално, постои постојана „поддршка“ и „загриженост“ на лидерите на ЕУ кон Западен Балкан, додека всушност ЕУ го оддалечува регионот од членство во ЕУ. Да биде парадоксот уште поголем, додека лидерите на ЕУ честопати изразуваат поддршка за Западен Балкан и нејзиниот евроатлантски пат, изразувајќи загриженост за влијанието на одредени земји во регионот, пред се Русија, Кина и Турција, со својата политика за (не)проширување, ЕУ всушност го турка Западен Балкан во „прегратка“ на Русија, а во исто време ги обвинува истите земји за блиски врски и соработка со Москва, Пекинг или Анкара, се потенцира во анализата на Меѓународниот Институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана

Американскиот политички магазин во анализата оценува дека проблемите со корупцијата делумно се последици на фактот дека се прави компромис меѓу меѓуетничкиот мир и начинот на добро управување, посочувајќи дека поделбата на власта меѓу политичките претставници на етничките групи е клучно за моделот во земјата

Овие избори уште еднаш докажаа дека демократијата кај Албанците е безначајна идеја, зашто зборот „избори“ во албанскиот политички камп стана еквивалентен на зборот кражба, порачаа од Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива на вечерашниот „Марш за демократија“ во Скопје. Зијадин Села и Африм Гаши во обраќањето пред делегацијата на ЕУ упатија две барања до земјите – членки на ЕУ: да не се признае легитимноста на ДУИ како претставник на Албанците и да почне процесот на радикална реформа на Изборниот законик

Официјална политика на ЕУ од 2003. година е членство на Западен Балкан во ЕУ. Германија заговара процес на проширување. Но, каде сме денес, речиси 20 години по самитот во Солун и среде пандемијата на коронавирус? – Време е да се признае дека неолибералната трансформација на Балкан доживеа неуспех, пишува Гудрун Штајнакер која меѓу 1976. и 2016. поминала 13 години на Западен Балкан, на крајот како германска амбасадорка во Северна Македонија и во Црна Гора