Browsing: Фернандо Торес

Напаѓачот на Атлетико М. имаше стравичен пад во мечот со Депортиво ла Коруња во четвртокот. По воздушен дуел со домашниот фудбалер Алекс Бергантинос, Торес удри со глава на тревникот и првичниот впечаток беше лош, но опоравувањето беше побрзо од очекуваното

По првичната интервенција на медицинскиот персонал и стабилизирање на состојбата, напаѓачот на мадриѓани беше изнесен на носилки и веднаш превезен во болница на натамошни прегледи. Раководството на Атлетико објави дека фудбалерот дошол при свест и почнал да говори, но дека ноќта ќе ја мине во болнички надзор