Browsing: Исплата

Право на регрес за годишен одмор има секој работник во приватен сектор кој најмалку шест месеци во календарската година работел кај ист работодавач. Законски пропишаниот минимален износ изнесува 40 отсто од просечната нето плата на државно ниво исплатена во последните три месеци, односно околу 10.100 денари. За непочитување на оваа законска одредба од страна на работодавачот предвидени се и казни

Неопходно е воведување на јасни критериуми и постапки за утврдување дали, а доколку е тоа случај, во колкав обем, работодавачот навистина се соочува со финансиски потешкотии во работењето. Само на тој начин ќе се избегнат моменталните нормативни парадокси со кои е возможно работодавачот континуирано да има зголемен обем на работа, а истовремено да се соочува со финансиски потешкотии, порачуваат од Хелсиншки комитет