Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денешниот ден е последен за исплата на К-15

0
By Нова ТВ on December 31, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 31, 2019 13:08

Денеска е последен ден за исплата на регресот за годишен одмор или таканаречен К-15. Неговата исплата е законска обврска за компаниите, а висината може да биде пониска од законски пропишаната само доколку одредена компанија се соочува во финансиски потешкотии во работата. Од Организацијата на работодавачи немаат прецизни информации колку од фирмите го исплатиле регресот, иако посочуваат дека дел од нив ја исполниле оваа обврска уште пред годишните одмори. Сепак, како што посочуваат оттаму, праксата покажува дека поголем дел од нив го прават тоа пред крајот на годината.

Со оглед на тоа што законски е дозволено во одредени случаи на потешкотии во финансиското работење на фирмите, да се исплаќа понизок износ од пропишаниот минимум, укажува Организацијата на работодавачи, треба да се внимава како ќе се направи спогодбата меѓу работниците и работодавачот.

„Работниците се тие што го бираат нивниот претставник што ќе ја склучи таа спогодба, а не управителот или директорот. Работниците мора на собир на работници на нивно здружение да се договорат до кој износ ако фирмата има загуба, има финансиски проблеми, кој е тој минимален износ за кој се подготвени да преговараат и тие да го изберат лицето претставник. Само во тој случај оваа помала исплата ќе биде согласно со општиот колективен договор. Во сите други случаи, ако работодавачот сам си назначи лице и сам си склучи спогодба со тоа лице, тоа може да му падне на суд и мора да го исплати целиот износ на К-15“, изјави Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи на Македонија, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

На можност за исплата на понизок регрес за годишен одмор неодамна потсетија и од Сојузот на стопански комори на Македонија.

„Со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор од 2015 година во членот 35 се додава дека работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со колективен договор, информираа од ССК.

Компаниите кои не генерираат доволно профит не смее да се ставаат во ситуација да подигнуваат кредити или да бараат позајмици за да исплатат регрес, со што дополнително ќе си ја отежнат ликвидноста, сметаат од Комората и додаваат дека треба да се овозможи компаниите кои имаат тешка година да опстојат, а не дополнително да се оптоваруваат по секоја цена.

Право на регрес за годишен одмор има секој работник во приватен сектор кој најмалку шест месеци во календарската година работел кај ист работодавач. Законски пропишаниот минимален износ изнесува 40 отсто од просечната нето плата на државно ниво исплатена во последните три месеци, односно околу 10.100 денари. За непочитување на оваа законска одредба од страна на работодавачот предвидени се и казни.

Исплата К-15
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.