Северна Македонија – земја без луѓе

Многу млади луѓе ја напуштаат Северна Македонија, пред сe, во насока на Германија и на Австрија. Се надеваат на работа и на подобри плати, забележува репортерот на радиото „Дојчландфунк“ пред германската амбасада во Скопје. Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, вели дека германскиот пазар на работна сила е привлечен за македонските работници, но многумина од нив не размислуваат за високите трошоци за живот во Германија