Browsing: Куп на конфедерации

„Панцерите“ во финалето во Санкт Петербург за еден гол беа подобри од Чиле (1:0). Стрелец на единствениот погодок на стадионот „Крестовски“ беше Ларс Штиндл во 20 минута по асистенција на Тимо Вернер за прва титула во натпреварувањето што се одржува од 1992 година колку што имаат и Аргентина, Мексико и Данска. Франција има два освоени пехара, најтрофеен е Бразил со четири. Бронзениот медал за Португалија која по продолженија, во меч за третото место, го порази Мексико со 2:1

Мексико ја совлада „зборнаја“ со 2:1 во директниот дуел за второто место во групата А, Португалија, пак, убедлива против Нов Зеланд со 4:0. Меѓу стрелците и Роналдо кој погоди по 60 пат во меѓународна средба од натпреварувачки карактер во репрезентативниот дрес