Browsing: Македонија

Известувачот за земјава во Европскиот парламент говори за потребата од организирање на фер и демократски избори што е можно побрзо, за државата да може да има функционална Влада која ќе може да сноси одговорност и Парламент, кој ќе може да ја контролира нејзината работа. Ќучук притоа се осврнува и на несогласувањата меѓу Скопје и Софија и најавите за можна блокада на преговорите за членство од страна на Бугарија и повикува заедничката историска комисија да продолжи со својата работа, додека пак политичарите, вели тој, треба да се занимаваат со иднината

Поранешна голема фабрика од Неготино им запирала рати за кредит на своите некогашни вработени, но средствата не биле уплаќани во банка, па 135 лица се нашле на црвена листа должници. Тие велат дека се чувствуваат како заложници. Според нив, нанесена им е вкупната штета од над 300.000 евра. Обвинителството потврди дека работи на случајот

Партиските лидери повеќе од три часа во претседателската вила Водно се обидуваат да постигнат консензус за датумот на предвремените парламентарни избори, но неизвесно е дали денеска ќе има приближување на ставовите и договор и денеска