Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче: Најголем број од починатите од ковид-19 со болести на белите дробови и дијабет

0
By Нова ТВ on May 20, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 20, 2020 10:08

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека најголем број од починатите лица од ковид-19 имале хронична болест на белите дробови или дијабет.

„Може да ја извадиме точната статистика. Тоа се хроничната опструктивна болест, хроничната кардиовласкуларна болест, хроничната слабост на срцето во смисла на кардиомиопатија и дијабетот. Стандардните хронични состојби што го слабеат кардиоциркулаторниот капацитет, пулмоналниот капацитет, белодробниот и било каква инфекција, белодробна или друга значи дека може да има поголем ризик од смртност“, нагласи Филипче.

Во однос на тоа во кои скопски општини има заразени лица од коронавирус, министерот рече дака се уште се прави анализа за општините во Скопје и оти ќе биде споделена со јавноста кога ќе ја изготват епидемиолозите.

На прашања дали се очекува да има нови жаришта со ковид-19, кои општини се потенцијални и од кои причини би можеле да доведат до нов бран на коронавирусот, Филипче наведе дека последната голема изолирана бројка била во Општина Чаир, истакнувајќи дека нема непредвидлив ризик и оти сите заболени се во рамки на познатите кластери.

„Последната голема изолирана бројка, 20. лица, беше од скопската Општина Чаир во врска со семеен настан, меѓутоа тука се веќе сите лица кои покажаа симптоми. Друго место каде имаме еден таков одреден ризик е Тетово и околината на градот. Нема нешто кое што е непредвидлив ризик, сега засега, имајќи предвид дека и во Тетово огромен број од новодијагностицираните беа од познати заболени. Значи се е во рамките на тие кластери, блискиот респираторен контакт од внатре во еден кластер или меѓу веќе познати кластери“, образложи министерот.

Бели Дробови Венко Филипче дијабет Коронавирус Македонија причини смртност Хронични болести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.