Анализа на ИФИМЕС од Љубљана: Западен Балкан 2020 – Обид за реприза на историјата

Комплексноста на ситуацијата во Западен Балкан го илустрира однесувањето и односот на Европската Унија (ЕУ) кон регионот. Официјално, постои постојана „поддршка“ и „загриженост“ на лидерите на ЕУ кон Западен Балкан, додека всушност ЕУ го оддалечува регионот од членство во ЕУ. Да биде парадоксот уште поголем, додека лидерите на ЕУ честопати изразуваат поддршка за Западен Балкан и нејзиниот евроатлантски пат, изразувајќи загриженост за влијанието на одредени земји во регионот, пред се Русија, Кина и Турција, со својата политика за (не)проширување, ЕУ всушност го турка Западен Балкан во „прегратка“ на Русија, а во исто време ги обвинува истите земји за блиски врски и соработка со Москва, Пекинг или Анкара, се потенцира во анализата на Меѓународниот Институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана