Лажни наградни игри со многу интеракции во пресрет на изборите во С. Македонија

Две-три седмици пред официјалниот почеток на изборната кампања за парламентарните избори, на социјалната мрежа Фејсбук забележано беше манипулирање на корисниците преку објави за лажно доделување на одреден бесплатен подарок, како на пример базен, електричен тротинет, тенда, финансиски средства (објавата е избришана, а станува збор за лажната наградна игра во која беа злоупотребени логото и името на телевизија Сител) во висина од 3.000- 6.000 МКД (отприлика 50 до 100 евра)