Искри во ВМРО-ДПМНЕ: Стоилковски го нападна Коневски, Коневски во контра со тужба

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ го обвини поранешниот градоначалник на Аеродром за пасивност во нападите кон Заев во изминатите три години за што истакна дека „има други работи“ што ги образложи со поседување на стан и деловен простор од 350 метри квадратни во зградата кај Мајчин Дом. Таквите наводи, Коневски ги оквалификува како лаги и манипулации и најави тужба против Стоилковски, а на лидерот Христијан Мицкоски му порача дека ништо нема да го спаси од заминување