Белорусија: Марш на жени во бело во солидарност со повредените во протестите

Полицијата побара од жените, претежно млади девојки, да се разотидат, што и се случи, но набрзо се вратија на плоштадот. Тие се држат за раце и извикуваат „веруваме, можеме, ќе победиме“. Протестите во земјата почнаа вечерта, на 9 август, откако актуелниот претседател Александар Лукашенко прогласи победа на претседателските избори, а продолжија во понеделникот и во вторникот, при што беа уапсени неколку илјади демонстранти