Browsing: Рики Рубио

До втората титула во својата историја, „фуријата“ стигна по убедливата партија и победа против Аргентина со 95:75 во финалето на мундобаскетот. Со бронзата од Кина замина репрезентацијата на Франција која во мечот за третото место ја совлада Австралија со 67:59. Рубио го посвети златото на неговата мајка која почина пред три години, Гасол, пак, се придружи на Ламар Одом со шампионски прстен во НБА и светска титула во иста календарскка година. Најдобар стрелец на турнирот е Богдан Богдановиќ со вкупно 183 постигнати поени