Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши СП во кошарка во Кина: Престолот за Шпанија, МВП за Рубио, историја за Гасол

0
By Нова ТВ on September 16, 2019 СПОРТ
Фото: fiba.basketball
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 16, 2019 01:09

Шпанија е нов светски кошаркарски шампион во машка конкуренција. До втората титула во својата историја, „фуријата“ стигна по убедливата партија и победа против Аргентина со 95:75 во финалето на мундобаскетот што од 31 август до 15 септември се одржа во Кина. Со бронзата од Кина замина репрезентацијата на Франција која во мечот за третото место ја совлада Австралија со 67:59. За МВП на турнирот е прогласен Рики Рубио, најдобар стрелец е Богдан Богдановиќ со 183 постигнати поени во осумте меча на селекцијата на Србија.

„Бевме на вистинско ниво до крај и испишавме историја. Почит и за Аргентина која нè принуди сериозно да пристапиме и да се бориме за победата. Неверојатно е како изгледавме во тек на целиот турнир, игравме против посилни и поталентирани репрезентации, но на крај победи големото срце“, истакна Рубио кој во истата сала во 2008 година освои сребрен медал на олимпискиот турнир на Игрите во Пекинг.

Двигателот на Шпанија во походот до втората мундијалска титула и со емотивен говор на прес-конференција по финалето. Пред новинарите истакна дека признанието за најкорисен играч на СП и освоеното злато го посветува на неговата мајка која почина пред три години.

„Мајка ми почина пред три години. Секогаш беше покрај мене и секојдневно ме поддржуваше во желбата да станам најдобар. Знам дека никој не ме сака повеќе од неа. И натаму ме турка секој ден. Го чувствувам тоа иако не е повеќе со мене, го чувствувам нејзиното присуство. Поради неа одам напред“.

Освен нив двајца, во идеалниот тим на шампионатот се најдоа и аргентинскиот ветеран Луис Скола, Французинот Иван Фурние и Шпанецот Марк Гасол кој, патем, стана и само втор играч по Ламар Одом кој во иста календарска година освои и шампионски прстен во НБА лигата (со екипата на Торонто) и светски шампионски трофеј со националниот тим. Американецот во тоа успеа во 2010 година со Лос Анџелес Лејкерс и со САД на првенството во Турција.

„Ова се неверојатни три месеци за мене. Многу сум среќен и благословен за позицијата во која се наоѓам. Сонцето ќе продолжи на изгрева и заоѓа, животот продолжува, но ние сме светски шампиони“, рече 34 годишниот Марк Гасол.

Запрашан дали очекува да заигра со неговиот брат на Игрите во Токио во наредното лето, играчот на шпанската репрезентација и на „репторси“ додаде:

„Кога се наоѓате во овој период од кариерата, никогаш не можете однапред да знаете такви работи. Сакате да играте, но не можете да дадете ветување. Ова, веројатно, беше последно Светско првенство“.

Пласман на Олимписките игри во Токио осигураа селекциите на Шпанија, на Аргентина, на Франција, на Австралија, на САД, на Нигерија, на Иран и на Јапонија како домаќин. Оние репрезентации, пак, кои не успеаја во тоа низ настапите на СП 2019, ќе имаат прилика за поправен преку квалификациските турнири во првата половина од 2020 година. За преостанатите четири празни места ќе играат Србија, Чешка, Полска, Литванија, Италија, Грција, Русија, Бразил, Венецуела, Порторико, Доминиканска Република, Германија, Нов Зеланд, Тунис, Канада и Турција.

И наредното Светско првенство во кошарка ќе се одржи на азискиот континент. Негови ко-домаќини од 1 до 17 септември во 2023 година ќе бидат Филипини, Јапонија и Индонезија.

Аргентина Кошарка (м) Марк Гасол Рики Рубио СП 2019 финале Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.