Browsing: Сезона 2017/18

Заедно со „старата дама“ и со Каталонците, во групата Д ќе игра и Спортинг Лисабон на Стефан Ристовски. Франческо Тоти, кој учествуваше во извлекувањето, ја втурна својата Рома на мегдан со Челзи и со Атлетико Мадрид, додека Манчестер јунајтед заврши во групата А со Бенфика, со Базел и со ЦСКА Москва. Сезоната почнува на 12/13 септември, финалето е на 26 мај догодина во Киев

„Топчиите“ на крајот славеа со 4:3 во меч во кој поведоа, па двапати заостануваа за еден гол (1:2, 2:3) за бодовите, сепак, да останат на „Емирати“ благодарение на играчите од клупата на Арсен Венгер

Ова е само една од одлуките од денешното генералното Собрание на регионалното кошаркарско натпреварување во Загреб на кое беа изгласани серија одлуки во насока за засилување на квалитетот на проектот и уште поголем негов прогрес во иднина. Се воведуваат три новини за сезоната 2017/18 – организација на Суперкуп во Бар, организација на турнири за кошаркари до 19 години и се воведува Втора лига со 12 екипи, по две Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија