Browsing: Ски-скокови

Смртта кај легендарниот фински ски-скокач настапила ноќеска во 55 година од неговиот живот. Во кариерата освои пет златни медали, еден сребрен и три бронзени на Светските првенства, четири пати го освојувапе Светскиот куп, двапати новогодишната турнеја „Четири скокалници“ и понесе четири одличја од Олимпијадите меѓу кои бронза од Игрите во Сараево во 1984 година на малата скокалница

Јапонецот беше доминантен во Оберсдорф, во Гармиш Партенкирхен, во Инсбрук, а остана недопирлив и во Бишофсхофен каде суверено ја порази конкуренција и се придружи на Свен Ханавалд и на Камил Штох како единствени досега со победи на сите натпревари

По Оберсдорф и по Гармиш Партенкирхен, полскиот ски-скокач триумфира и на првата станица од двете во Австрија, па доколку го повтори тоа и утре во Бишофсхофен ќе стане само втор натпреварувач со сите четири победи на традиционалната новогодишна турнеја. Досега тоа му успеа само на Свен Ханавалд во 2001 година

Со денешните квалификации во Оберсдорф стартува 67 издание на новогодишната турнеја „Четири скокалници“. Натпреварот за бодови е утре по што најдобрите ски-скокачи ќе се преселат во Гармиш Партенкирхен на 1 јануари

Лошите временски услови и силниот ветар од променлив правец не дозволија две серии во Инсбрук. Во единствената најдобро се снајде Норвежанецот кој го презеде водство во новогодишната турнеја, но и во Светскиот куп