Ристевска во „Талир“: Ќе го докажеме незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од една година од првото закажано рочиште за судењето за предметот кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, во Кривичниот суд во Скопје денеска странките дадоа воведни говори. Продолжението на случајот е закажано на 20 март за кога Обвинителството побара да бидат повикани тројца сведоци, меѓу кои Силјан Мицевски и Јован Дерков