Закон за данок на личен доход: Платите од 1 јануари ќе се оданочуваат со 10 отсто

Стапката од 15 отсто се става во мирување за наредните 36 месеци, период во кој ќе се применува стапка од 10 отсто за оданочување на доход од работа, доход од самостојна дејност, доход од авторски и сродни права, доход од продажба на сопствени земјоделски производи, доход од права на индустриска сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капиталните добивки, од осигурување и друг доход. Од 1 јануари се зголемува и прагот за ДДВ обврзник од милион денари на два милиони денари