Browsing: Свикување

СДСМ е „за“ свикување на Собранието за потврда на одлуките за прогласување на вонредна состојба во земјата од претседателот Стево Пендаровски, но и како контролен механизам врз работата на техничката Влада, ВМРО-ДПМНЕ е „против“, претседателот на Собранието Талат Џафери, пак, смета дека „парламентот може да заседава само по избори и секој друг начин ќе биде обид за пуч“

Претседателот на Парламентот тврди дека се вршел притисок врз него за повторно свикување на пратениците, но, како што нагласи во синоќешното гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, „со Собранието е веќе завршено“

Триесет и пет пратеници од СДСМ и нивни колеги од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево до Собранието поднесoa барање за свикување на итна седница за потврда на одлуките на претседателот Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба поради пандемијата со ковид-19

Претседателот на Собранието, пак, Талат Џафери во неколку наврати посочи дека не може да свика седница на Парламент што се самораспуштиил. Тој, како што велат од неговиот Кабинет, за иницијативата ќе се изјасни откако ќе пратениците ќе ја достават до него