Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Статус-кво ставови за итна седница на распуштениот парламентарен состав

0
By Нова ТВ on April 29, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 29, 2020 11:03

Нема можност за свикување на распуштениот парламентарен состав. Собранието може да се врати само по следните избори. Ова го е став на претседателот на Парламентот, Талат Џафери, кој го изнесе неколку дена по иницијативата на СДСМ за свикување итна седница за потврдување на одлуките на претседателот на државата, Стево Пендаровски за прогласување на вонредна состојба поради пандемијата со ковид-19 која истекува на 16 мај.

Џафери завчера во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 рече дека секој друг начин за заседавање на Собранието, освен по избори, е обид за пуч. Тврди дека врз него се вршел притисок за повторно свикување на пратениците и заседавање на Парламентот, но, како што нагласува, „со Собранието е веќе завршено“.

„На 16 февруари секој пратеник гласаше за престанок на мандатот. Собранието ќе се собере по наредните избори“, вели собранискиот спикер, коментирајќи ја иницијативата за повторно свикување на законодавниот дом.

Пратениците од СДСМ, пак, вчера напоменаа дека ќе го почитуваат ставот на претседателот на Собранието, Талат Џафери за несвикување итна седница за потврдување на одлуките за вонредна состојба поради коронавирусот. Но, бараат одговор на нивното барање што е формално доставено до Собранието.

„Како и досега така и од сега, ќе го почитуваме во целост ставот на претседателот на Собранието, но ние сметаме дека како пратеници најмалку што треба да се случи, односно заслужуваме да добиеме одговор од претседателот на Собранието на писменото барање што е формално доставено, а не да добиваме одговори преку медиумите“, рече на прес-конференција Снежана Калеска Ванчева.

Според неа, легитимното право на пратениците, согласно Устав и Деловник на Собранието, не може да биде толкувано како пуч.

„Легитимно, демократски и согласно Деловникот и Уставот, ние како пратеници поднесовме иницијатива онака како што налагаат прописите, до претседателот на Собранието за свикување на итна седница. Нашиот став е непроменет и ние, имајќи ја предвид целокупната ситуација, сметаме дека е демократски и апсолутно корисно, Собранието да биде свикано и да ги потврди одлуките за времената состојба и тоа е всушност во насока на демократизација и поделбата на власта и добро е да знаат, добро е за граѓаните, за општеството за државата дека на располагање имаат уште еден механизам за контрола над извршната власт“, рече Калеска Ванчева.

За опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, Собранието не може повторно да заседава затоа што е распуштено, а по ова прашање Уставот е јасен.

„Јасни се одредбите во македонскиот Устав, како и позитивните законски акти, така што еднаш распуштено Собрание не може да се врати и да заседава“, изјави минатата недела потпретседателот на партијата, Александар Николоски, а вчера се огласи и лидерот на ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека „за неговата партија сега не се приоритет предвремените избори, туку надминување на состојбата со коронавирусот“.

„Овој состав на Парламентот е поранешен и мандатот на пратениците со неговото распуштање е завршен. Тие го вратија легитимитетот назад, кај граѓаните. Единствен што може да ја наполни салата во Собранието е народот. Не може ниту Зоран Заев, ниту група на пратеници да се обидуваат да го кршат Уставот“, рече вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Минатата недела пратеници на СДСМ поддржани со потписи на нивни колеги од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, до Собранието поднесоа барање за свикување итна седница за да се потврдат одлуките за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со ковид-19 од страна на претседателот на државата.

ВМРО-ДПМНЕ Иницијатива Итна седница Македонија Свикување СДСМ Собрание Талат Џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.